Реклама
Вирално

Мајка изедена жива од тигар откако тргнала да ја спаси ќерката – хорор видео се шири на социјалните мрежи

Вознемирувачка содржина

Реклама

Мајката во кинескиот сафари парк тргна да ја спаси својата ќерка која беше одвлечена од голем тигар, но веднаш беше растргната од друг

Една мајка е изедена жива од тигар, а нејзината ќерка потешко повредена откако излегле од автомобилот во кинески сафари парк.

Тие мислеле дека ја напуштиле оградата со тигри, па излегле од автомобилот и биле нападнати од дивото живото.

Грозоморното видео ја прикажува мајката како трча по својата ќерка откако видела како ја одвлекува тигарот.

Маркетинг

Таа веднаш е нападната од друг тигар и убиена.

Маркетинг

Во паркот постојат предупредувања автомобилот да не се напушта, но очигледно дошло до забуна што ја предизвикало несреќата.

Ќерката е одвлечена од автомобилот и има здобиено тешки повреди, но жената што трча по неа е убиена.

Во медиумите најпрво беше објавено дека ќерката го напуштила автомобилот заради расправија со сопругот, но според изјавите на членови на семејството,  тие мислеле дека го напуштиле опасниот дел од паркот во кој што дивите животни слободно се шетаат.

Исто така се дознава дека и мажот се обидел да ги спаси членовите на семејството, додека нивното дете останало во автомобилот.

Семејството на крај го спасиле чуварите на паркот, но за мајката не можеле да направат ништо, додека ќерката се уште е во болница. Станува збор за паркот Badaling Wildlife World кој се наоѓа во близина на Пекинг.

Бонус видео

@my.petsie

Giants Elephants Fighting on The Road 😨 IG : @bestanimalsreels #bestanimalsreels #elephant #elephants #fight #fighting #wildlife #wildlifephotography #scary #scarymoment #safari #nationalpark #aminebelhouari #animals #mothernature

♬ Cinematic Thriller – AShamaluevMusic

Извор: CCTV, Дејли меил

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button