Реклама
Наши ѕвезди

На Лазаров му се слоши додека ја водеше емисијата – ги загрижи фановите, еве што се случува со него

Изгледаше исцрпено, одвај издржа до крајот на емисијата

Реклама

На водителот му се слоши

Познатиот јутубер и водител Стефан Лазаров во еден момент додека го водеше својот последен поткаст му се слоши.

Имено, гостинка во Лазаров поткаст овој пат беше жена која одлучи јавно да зборува за траумите низ кои што поминала во детството и тоа од член на нејзиното семејство.

Маркетинг

Станува збор за Снежана Михајловска која денес живее во Германија, а како што откри Лазаров, дојдена е во Македонија специјално за интервјуто бидејќи смета дека на ваков начин ќе помогне на многу кои се соочуваат со слични проблеми да зборуваат гласно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Но во еден момент додека ја водеше емисијата на јутуберот му се слоши, па реши да заврши малку порано од предвиденото.

Како што подоцна објасни на социјалните мрежи, му се слошило затоа што цел ден не бил јаден, а испил неколку енергетски пијалаци.

Фото: Инстаграм

„Дечки, океј сум, фала за пораките. Ми се слоши, исповратив и сега сум добар. Гледајте го поткастот, жената е херој. Да ми стане подобро и утре се гледаме. Добра ноќ на сите“, напипша Лазаров на Инстаграм, а утредента, уште во раните утрински часови сподели ново видео.

Принтскрин/ Јутјуб

„Јас сум добро, сега сé е океј, претпоставувам дека бидејќи не бев јаден, а испив два-три енергетски пијалаци пред поткастот и на крај ми се слоши. А кога ти се лоши а трпиш ти станува уште полошо, меѓутоа сега сум океј“, објави Лазаров во својата објава споделена како Инстаграм приказна.

Целото видео со новата гостинка погледнете го во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button