Реклама
Новости

Никола Роквиќ Велигден ќе го помине со сопругата во Македонија – со икона во рацете пристигна кај нас

Еве кои се плановите на познатиот пејач кој тргна пешки до манастирот на Свети Нехтарие Егински во Грција.

Реклама

Никола Роквиќ тргна пешки од Белград до Егина и ќе помине преку 1000 километри за да му се помоли на Свети Нектарие Егински.

Пејачот заедно со сопругата Бојана ја основаше фондацијата „Породица“ за помош на родители и деца на кои им е потребна помош.

Тој за целото време од патувањето се огласува на социјалните мрежи, па вчера сподели дека се наоѓа на последната дестинација во Србија и дека денес ќе пристигне во Македонија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

„Бог да ни помогне, драги луѓе. Јас сум во манастирот Прохор Пчински. Денес е последната дестинација во Србија, утре, со господ напред, одиме низ Македонија. Сакам само да ве известам дека досега собравме 13 милиони динари (преку 110.000 евра). Да ве благослови Бог, ви се заблагодарувам на сите што ја поддржувате оваа наша мисија и одиме понатаму до нашата цел“, изјави Никола во своето обраќање преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Потсетуваме, целта на Никола со овие средства е да им помогне на децата кои се онколошки пациенти.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Тој најголема поддршка има од сопругата Бојана Баровиќ со која што ја основаше фондацијата „Породица“ преку која собираат средства за одделението за детска онкологија.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Бојана овие неколку дена престојуваше во Грција заедно со нивните деца, з да биде блиску до Никола и со него да го поминат Велигден.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Како што самата откри за медиумите, тие пред Велигден ќе се најдат со него во Македонија и тука ќе поминат два дена, а потоа тие се враќаат дома, а популарниот пејач ја продолжува својата мисија.

Бојана на крај и призна дека ниту на неа ниту пак на децата им е сеедно што ќе поминат месец дена без нивниот татко, но и дека е многу „поголемо“ она по што се водат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button