Реклама
Интервју

Бојата на глас не би ја променил за ништо на светов – Омар Џафероски по коментарите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Доста пати имам добиено пофалба од жирито за мојата боја на глас но во последниот дуел повеќе им привлече внимание Дино што не го гледам како лоша работа. Ствар до вкус е, вели пејачот

Реклама

Македонскиот натпреварувач  на „Ѕвездите на Гранд“, Омар Џафероски и со последниот настап, не помина незабележано. Како поради неговиот фантастичен настап, но и по коментарите на жирито.

22-годишното момче се претстави со песните „Ако ме оставиш“ од Мишо Ковач и „Пјуниј и запјевај моја Југославијо“ од Бело Дугме.

Откако и тој и неговиот противкандидат Дино Шулиќ добија изедначено по шест гласа на акапелата Омар се претстави со песната „Ноч ми те дугује“, но во овој дуел тој изгуби и мораше да оди во бараж.

Маркетинг

Омар доби остри критики дека е премногу сериознен и налутен на сцената и дека не се смее воопшто „премногу бил мрачен“, беа дел од коментарите на жирито.

Маркетинг

Ана Бекута му кажа дека премногу импровизира. Според Марија Шерифовиќ бојата на гласот била пресудна во случајов, според неа Дино има поубава, повесела и попривлечна за уво, со тоа го „добил“. Шерифовиќ го искритикува дека е премногу мрачен. Вики го пофали за изборот на песни, но согласна е со колегите за тоа дека Омар треба да работи повеќе на поведра енергија.

Неспорно е дека нашиот Омар пее фантастично, доби и пофалби дека тој е веќе оформен пејач, со оглед на тоа што стигнал до овде, но мора да поработи на некои грешки за да биде подобар.

Стапивме во контакт со Омар за да дознаеме каков е неговиот личен став за тоа како го оценија овој пат, што мисли за коментрите кои го доби.

Каков е вашиот личен став за коментарите на жирито? Со кој се согласувате со кој не?

Па искрено до сега гледам сите коментари да ги сумирам и да ги променам работите за кои што сум бил искритикуван, а да ги задржам и да ги усовршам уште повеќе добрите критики.

Како се чувствувате по лошите коментари како ги поднесувате? Како влијаат на вас?

Па искрено не ги гледам од лош аспект лошите коментари повеќе ги гледам на што треба да поработам сепак жирито е таму да каже што треба да се промени и што било добро а што не било.

Конкретно како ја коментирате споредбата за бојата на гласот со противкандидатот Дино и за тоа дека сте немале енергија. Ве навреди ли тоа?

Јас својата боја на глас не би ја променил за ништо на светов, искрено хаха. Доста пати имам добиено пофалба од жирито за мојата боја на глас но во последниот дуел повеќе им привлече внимание Дино што не го гледам како лоша работа. Ствар до вкус е.

Дали сте вие задоволен од вашиот настап? Би промениле ли нешто да може да се врати времето?

Премногу сум задоволен искрено најмногу од брзата нумера.Чим јас ја имам преслушано 100 пати значи дека навистина сум завршил добра работа хаха.

 

Викендов  ќе го гледаме Омар и во 10. круг на „Ѕвездите на Гранд“ и ќе го бодриме!

 

Погледнете го настапот на Омар:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button